Министерствата и општините имаат 2.645 возила, најскапите се во МНР, МВР и финансии

Од:

Министерствата и општините имаат 2.645 автомобили. Министерствата имаат 2.215 возила вредни 27,2 милиони евра, додека општините имаат 430 возила во вредност од 5,7 милиони евра.

Ова го покажува податоците на Центарот за граѓански комуникации кои денеска ги објавија.

Во соопштението наведуваат дека за 2.008 возила набавната вредност е 33 милиони евра, додека за 637 патнички возила институциите немаат доставено податоци за набавната вредност.

– И централната и локалната власт најмногу возат возила од марките „шкода“, „фолксваген“ и „форд“. Сепак, сите пет најскапи возила се „мерцедес“ купени од министерствата за внатрешни работи (572.780 евра), за надворешни работи (81.301 евра) и за финансии (76.768 евра), како и општините Свети Николе (77.839 евра) и Кавадарци (70.075 евра), наведуваат од Центарот за граѓански комуникации.

Изворните податоци се обезбедени преку 97 институции. Од Центарот за граѓански комуникации посочуват дека биле потребни повеќе од три месеци само да се приберат информациите што, како што наведуваат, говори за ниското ниво на отчетност и воопшто на прецизна евиденција за имотот со кој се располага.

Оваа база на податоци, стои во соопштението, е дел од предвидените десет истражувања и бази на податоци за трошењето на јавните пари кои ќе се реализираат во рамки на проектот Јавно трошење за јавно добро, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Целта на проектот што го спроведува ЦГК е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Поскапеа услугите за транспорт и складирање, но и телекомуникациите

Негативен природен прираст и во второто тримесечје, 1.135 помалку родени од умрени

Горан Наумовски

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски