(ВИДЕО) Тунтев: Веруваме дека утре ќе има двотретинско мнозинство

Од:

Сега се гласа за предлогот на Владата за пристапување кон менување на Уставот, а до гласањето има многу време, вели координаторот на пратеничка група на СДСМ, Томислав Тунтев, кој заедно со целата пратеничка група ги повика колегите да гласаат за уставните измени.

– Овој парламентарен состав има единствена шанса да обезбеди иднина за ЕУ и НАТО. Над 90 посто на референдумот покажаа дека се за ЕУ и НАТО. Како пратеници имаме одговорност да ги усвоиме уставните измени за заштита на идентитетот, кои обезбедуваат просперитетна ЕУ иднина. Сите ние ја повикуваме опозицијата посебно ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи. Секој друг предлог е нова изолација за државата. Македонија припаѓа на ЕУ без разлика што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски има проблем со тоа. Тој е полош од Груевски, тој се однесува антизападно и отворено се кара со нашите стратешки партнери. Пратениците да се издигнат над тоа. Сега е моментот на дело да се покаже, да ги поддржат уставните измени. Доколку раководството на ВМРО-ДПМНЕ продолжи да блокира неизбежни се избори веднаш.

– Веруваме дека утре ќе има двотретинско мнозинство, ќе покаже гласањето, од дискусиите се виде дека ни еден пратеник не е против ЕУ и НАТО. Очекуваме утре да заврши дебатата, но можеби ВМРО-ДПМНЕ ќе се вратат па ќе дискутираат. По исцрпување на дискусијата ќе се пристапи кон гласање, рече на прес-конференцијата, координаторот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, Томислав Тунтев.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски