Локалната самоуправа на општина Крива Паланка ја продолжи постапката за стипендирање талентирани ученици, средношколци и студенти од градот, а воведе и стипендии за талентирани спортисти од општинските клубови, како и субвенции за превоз на ученици и студенти.
Периодов, по спроведени постапки согласно утврдените правилнции и Одлуки донесени од Советот на општината, објавени се ранг-листите на кандидатите кои остварија право на користење на стипендиите кои се доделуваат за остварени резуултати во изминатата учебна година или сезона на натпреварувања 2017/18, за учениици од основните и средни училишта од градот, како и спортисти кои членуваат на училишни или спортски клубови кои работат на подрачјето на општината.
Од средношколците-спортисти со стипендии за оваа година се стекнаа: Ана Стојановска и Димитар Костовски од пингпонгарски клуб „Крива Паланка“ и Теодор Стојковски, кик-боксинг клуб „Патриотспорт“, Крива Паланка, додека во конкуренција основци стипендисти се: Вукашин Јовановиќ и Владимир Максимовски, карате клуб „Шампион“, Сара Стојановска, пингпонгарски клуб „Крива Паланка“ и кошаркарките Михаела Алексовска и Ксенија Петревска од кошаркарски клуб „Крива Паланка“.
По спроведената постапка за доделување на стипендии за подршка на млади таленти ученици средношколци и студенти од општина Крива Паланка за учебната/студиска 2018/2019 година, право ан стипендии остварија: Марија Јакимовска, Бојана Здравковска и Марија Стефановска од СОУ „Ѓорче Петров“, Крива Паланка и Кристијан Митовски СГГУ „Здравко Цветковски“.
Стипендирани студенти се Виктор Стаменковски, ФИНКИ, Ана-Марија Стојановска, Ива Јакимовска, Медицински факултет и Викторија Стаменковска, ФИНКИ.
Општината во соработка со приватен стопанственик-превозникот АД „Пролетер“, Крива Паланка, согласно конкурсот за доделување на субвенциониран превоз за студиската 2018/2019 година на студенти кои студираат на државните универзитети во Скопје и Штип, оваа учебна година ги субвенционира: Милена Јакимовска, Економски факултет-Универзитет „Св.Кирил и Методиј“, Скопје, Милка Цветаноска, Филолошки факултет-Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје, Марио Менчовски, Факултет за електротехника и информациски технологии-Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје и Ана-Марија Стојановска, Медицински факултет-Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје.