Јавен повик за полагање испит за лиценцирање таксисти од Крива Паланка

Од:

Во тек е јавен повик распишан од страна на општина Крива Паланка за пријавување заинтересирани лица од општината за полагање испит за добивање сертификат за авто-такси возач.

Со јавниот повик се повикуваат сите заинтересирани лица од Крива Паланка за сертифицирање во такси службата, а испитот ќе го врши посебен правен субјект кој ги исполнува сите законски услови за спроведување полагање.

Право на учество имаат сите заинтересирани лица од општината кои мора да имаат потврда за завршена обука од правно лице овластено од општината за стручно оспособување на кандидатите.

Испитот ќе го спроведе посебна комисија, формирана од градоначалникот, а истиот ќе се одржи на 25 октомври, четврток.

Документите за пријавување се поднесуваат до архивата на локалната самоуправа на општината, најдоцна два дена пред денот на одржување на испитот.

Испитот се спроведува еднаш месечно, се состои од два дела: теоретски и практичен дел, со тематски прашања од областа на безебдност во сообраќајот и превоз на патници.

Би можело да ве интересира

Предметот за загадувањето на Крива Река ќе го преземе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка шири паника и манипулира пред избори

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Крива Паланка кривично да одговара за лагите

Горан Наумовски

Тројца мажи од кривопаланечкото село Луке убиле соселанец, па го закопале во дупка

ДОМ: Градоначалникот на Крива Паланка да поднесе кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид

Митовски: Водата ден по хаваријата во рудникот „Тораница“ е сериозно загадена