Терористичката група Исламска држава (ИД) држи како заложници повеќе од 700 луѓе во сирискиот регион Деир ез Зор.
Меѓу нив има и државјани на земји од западна Европа и други држави, соопштија воени дипломатски извори.
Според истите извори, терористите нападнале бегалски камп во област под контрола на коалициските сили, предводени од САД.
– Екстремистите на ИД на 13 октомври извршија напад врз бегалски камп кој се наоѓа во близина на местото Ал Бахра. Тие земале заложници и пренеле околу 130 арапски семејства во градот Хаџин, кој е под нивна контрола, тврди дипломатскиот извор.