Бочварски: Источниот регион е согласен да продолжи следната фаза за изградба на регионалната депонија

Од:

Во наредните две недели градоначалниците од источниот и свероисточниот регион во земјава треба да одлучат дали преминуваат кон следната фаза за изградба на регионалната депонија, која е планирана во близина на светиниколското село Мечкуевци.

Градоначалникот на Општина Штип Благој Бочварски, кој воедно е и претседател на работната група за овој проект од источниот регион денеска рече дека на располагање им се 35 милиони евра од фондовите на ЕУ, со кои ќе се реши проблемот и ќе се затворат дивите депонии во двата региона. Тој информираше дека вчера градоначалниците од двата региона имале состанок во канцеларијата на ЕУ во Скопје, токму на оваа тема.

– На располагање ни се 35 милиони евра, коишто ЕУ ни ги дава како грант на Република Македонија, но ние како два региона сме реалтивно напред во однос на ова прашање и сега останува конечно да прецизираме и да донесеме конечна одлука, дали го прифаќаме овој концепт, бидејќи има изработено физибилити студија и дали продолжуваме понатаму, со што веднаш ќе може да се започне со дополнување на проектните документации и најбргу што е можно со почеток на изградбата, вели Бочварски.

Тој додава дека неговиот став и на градоначалниците од источниот регион е проектот со регионалната депонија да продолжи.

– Ние како регион сме заинтересирани овој проект да почне час поскоро. Јас би рекол пред другите региони, бидејќи да не го испуштиме чекорот и токму тоа е многу важно да помине во отпочнување со реализација на овој проект. Останува да се направат уште неколку дополнителни консултации, состаноци и верувам дека во наредните две недели, а верувам и сите градоначалници доколку да се согласиме продолжиме со проектот со регионалната депонија, вели Бочварски.

Според физибилити студијата, која е направена според сите станадради предвидува претоварни станици за отпадот да има во Куманово, Штип и Кочани, од каде што ќе се собира и со специјални возила и контејнери ќе се вози на регионалната депонија. Оваа депонија ќе биде со сите стандарди, која што нема да предизвикува загадување на околината, а на неа од рециклираниот отпад ќе може и да се произведува и енергија. Новата регионална депонија предвидува и нови зелени вработувања. Следната фаза опфаќа набавка на специјални камиони и контејнери и основен проект за изградба на регионалната депонија.

Би можело да ве интересира

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он

Маж од Штип е осомничен за убиство на својата партнерка

Горан Наумовски

МВР: Маж со прострелна рана е пронајден во селото Пиперово

Убиството на штипјанката Пешева да се квалификува како фемицид бараат невладите организации

(ВИДЕО) Бочварски: ДПМНЕ неосновано ја обвинуваше СДСМ за изградба на коридорите