Нов лик на детските игралишта во три прилепски населби

Од:

Детските игралишта во три прилепски населби „Варош“, „Точила“ и во „Типските куќи“ добија нови подлоги, клупи, лизгалки и други детски реквизити, информираат од прилепската локална самоуправа. Обележени се патеките на спортските игралишта, заменети се старите кошаркарски табли со нови, поставена е нова вештачка трева и се молерисани постојните делови.

Од општина Прилеп појаснуваат дека ова е согласно програмата за комунално уредување и поставување на урбана опрема за 2018 година. На обновувањето на детските игралишта и на спортските терени во повеќе делови од градот работи фирмата „Прилепски Текстилен Конзорциум“ увоз–извоз ДООЕЛ Прилеп.

Истовремено, се работи на генералното чистење на населбите, а посебен акцент е ставен на просторот околу амфитеатарот во Варош, каде се обновени иуништените клупи.

Од прилепската локална самоуправа информираат дека работите на терен ќе продолжат и понатаму. На ред се детските игралишта во населбите „Рид“ и „Димо Нареднико“.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Четворица повредени во сообраќајка во Прилеп

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп

Две деца од Прилеп здобиле изгореници откако пламнал пожар во нивната куќа

Горан Наумовски