СДСМ: Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ се разочарување

Од:

„Отвореното писмо од помошник државниот секретар за Европа и Евроазија во Стејт депаретментот, Вес Мичел е последниот доказ дека целиот демократски свет, партнерите и сојузниците на нашата татковина, сакаат да ја видат Македонија како стабилна и безбедна држава, полноправна членка на ЕУ и НАТО.

Само врвот на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се против интеграција и сакаат да ја вратат држава во темното минато на изолација и неизвесност.

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се разочарување!

Но, сега секој пратеник од ВМРО-ДПМНЕ има шанса со поддршка на процесот во Собранието, на дело да покаже дека навистина е за членство во ЕУ и НАТО, дека навистина се за остварување на врвните стратешки државни и национални интереси.

Доколку раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски продолжат со своето деструктивно однесување и по секоја цена ја блокираат иднината, тогаш следуваат предвремени парламентарни избори веднаш на кои граѓаните ќе одлучуваат за својата иднина.

На тие избори, граѓаните ќе гласаат за ЕУ и НАТО и ќе биде обезбедено потребното двотретинско мнозинство.

Македонија ќе стане членка на ЕУ и НАТО без разлика на деструктивното и антидржавно однесување на Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години