Коалиција за правично судење смета дека судот не требал да ја исклучи јавноста од рочиштето за 27 април

Од:

На рочиштето за главна расправа по предметот за настаните од 27 април беше исклучена јавноста со образложение дека истото се врши поради испитување на загрозен сведок наглавната расправа. Коалицијата „Сите за правично судење” оценува дека со ваквото постапување судот отстапи надвор од законската рамка и воспоставената пракса на меѓународните трибунали, особено праксата на Меѓународниот кривичен суд, како и Хашкиот трибунал.

„Иако според членот 354 од Законот за кривична постапка, испитување на загрозен сведок не еоснов за исклучување на јавноста, сепак овој член дава можност јавноста да биде исклучена доколку езагрозена безбедноста на сведокот. Битно е да се напомене дека овој член е општ член кој се однесувана сите сведоци (за кои не се предвидени посебни мерки за заштита), па поради тоа е дадена опција судот да ја отстрани јавноста доколку има реална закана по безбедноста на сведокот. Настрана од овојчлен, ЗКП содржи специјални одредби кои се однесуваат ексклузивно на испитувањето иобезбедувањето на загрозените сведоци, за кои се предвидени посебни правила на испитување, папоради тоа истите не се споменуваат како основ за исклучување на јавноста во членот 354 од ЗКП“, оценува Коалицијата.

Законот за кривичната постапка го регулира прашањето за заштита на загрозените сведоци наглавната расправа во членот 228, па според овој член загрозените сведоци се испитуваат на посебенначин, кој според ставот 4 од истиот член „(посебниот начин на испитување) може да се состои одприкривање на идентитетот, а во определени случаи и изгледот на сведокот.“ Така, според овој член сеобезбедува сигурноста на загрозениот сведок од аспект на заштита на личните податоци и идентитетот,но не и во однос на исказот даден од страна на загрозениот сведок. Овој член не го препознава исклучувањето на јавноста како начин на заштита на сведокот поради тоа што загрозениот сведок првенствено треба да биде заштитен од обвинетите, а не од јавноста. Токму поради тоа членовите 229и 230 од ЗКП ги предвидуваат посебните услови за начинот на испитување на загрозените сведоци, во кои членови никаде не е предвидено исклучување на јавноста поради безбедноста на сведокот. Во таа насока говори и праксата на Меѓународниот кривичен суд, како и на Хашкиот трибунал според чииправила за обезбедување на сведоците се преземаат низа мерки за заштита на идентитетот на сведокот(како сведочење преку видео линк со заматен лик и глас), а исклучувањето на јавноста се применува воисклучителни ситуации кога постои опасност од изнесување на тајни или приватни информации во јавноста.

„Во таа насока е и домашната пракса на истиот суд (ОС Скопје 1), каде во предметот под кодноиме „Монструм“ заведен под референтен број КОК-66/17 на одржаните рочишта во месец август бешеиспитуван загрозен сведок со присуство не само на стручната, туку и на општата јавност, бидејќи беа преземени потребните мерки од членот 230 од ЗКП, па судот одлучи дека нема потреба од исклучување на јавноста.

Со оглед на тоа што судот на денешното рочиште обезбеди технички услови за испитување на сведокот во одвоена просторија преку аудио-видео опрема согласно членот 230 од ЗКП, беше извршенонеопходното обезбедување на идентитетот и сигурноста на сведокот согласно законот, па така исклучувањето на јавноста од судницата не може да се смета дека придонесува за безбедноста насведокот, туку влијае исклучиво на транспаретноста на судот и јавната доверба во него.

Во таа насока би се надоврзале и со инцидентот на истото рочиште, каде бранителите на обвинетите реагираа на лошите услови во судницата, по што истите беа казнети и наводно разрешени од функцијата бранители. Иако ова претставува потенцијално нарушување на правото на обвинетите да имаат бранител по сопствен избор, како и на независноста на адвокатурата, во крајна линија ни говори и за значењето на присуството на јавноста на главните расправи. Во отсуство на официјални информации и детали околу инцидентот, битно е да се напомене дека доколку јавноста не беше исклучена од рочиштето, ќе понудеше објективна оценка на состојбата со што ќе се поттикнеше јавна дебата и изнаоѓање на решение за идните вакви слични ситуации, што во крајна линија ќе придонесе за подобрување не само на правата на обвинетите, туку и на ефикасноста на обвинителството, перформансот на судството, како и јавната доверба во истото“, смета Коалицијата.

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески