Владата му предлага на Уставниот суд да не ја прифаќа иницијативата на адвокатот на Груевски

Од:

Владата му предложи на Уставниот суд да не ја прифати иницијативата на адвокатот Еленко Миланов за поведување постапка за оценување на уставноста на член од Кривичниот законик. Според Владата, ваквата иницијатива на адвокатот на експремиерот Никола Груевски, на ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и на други обвинети во предмети на СЈО има цел да им се овозможи на обвинетите да избегнат кривична одговорност.

„Владата донесе одлука да му предложи на Уставниот суд да не ја прифати иницијативата поднесена од Еленко Миланов од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Македонија, за поведување постапка за оценување на уставноста на член 196 од Законот за изменувањето и дополнувањето на Кривичниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр.19/2004) и член 100, став 2 од Законот за изменувањето и дополнувањето на Кривичниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр.114/2009).

Владата му предложи на Уставниот суд да не ја прифати иницијативата со цел да се оневозможи избегнување одговорност за сторени кривични дела од страна на високи функционери за кои се води постапка од страна на специјалното јавно обвинителство“, се вели во соопштението од Владата.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Одговорност за судијата за неизвршената одлука за заштита на новинарка

Предраг Петровиќ

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

Уставен суд првпат бара одговорност од судија за непочитување негова одлука

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода