„Порше“ се подготвува да започне производство на својот прв целосно електричен модел „Тајкан“, со што германскиот производител на спортски автомобили дефинитивно преминува во електричната ера.
„Порше“ за новото производтсво инвестира шест милијарди евра и ангажира повеќе од 1.200 нови вработени. Покрај тоа, компанијата ветува дека ќе започне досега невидено производство и ја нарекува својата зграда во предградието на Штутгарт, Зуфенхаузен – „фабрика во фабрика“.
Целиот процес на производство и монтажа на деловите од електричниот модел ќе се случи без ослободување на јаглерод диоксид.
Целта на „Порше“ е во иднина да не емитува јаглерод диоксид од сите свои фабрики и да не ја загадува животната средина.
Одделот за производство и логистика на „Поршe“ соопшти дека ќе биде првиот производител што ќе користи беспилотни системи за транспорт на своите автомобили кога ќе ја напуштат производната линија.
„Порше“ исто така работи на создавање нови литиум-јонски батерии. Компанијата ветува дека полнење од четири минути ќе биде доволно за да се поминат 100 километри.
Што се однесува до вработените, моделот „Тајкан“ е еден од креаторите на најмногу работни места во историјата на „Порше“.