Вандали искршиле столови на летната сцена во штипската Библиотека

Од:

Искршени и целосно се уништени столовите за публиката на летната сцена во дворпот на Националната универзитетска – библиотека „Гоце Делчев“ – Штип. Вандалскиот чин е пријавен во Полициската станица во Штип, а вработените во штипската Библиотека се револтирани бидејќи ова и не е првпат дворот да биде мета на вандалите.

– Дворот за жал, наназад, неколку години е мета на несовесни граѓани, на несовесни лица, кои го уништуваат. Овој пат имаат направено значителна голема штета, вели Соња Манева вработена во НУ-Библиотека „Гоце Делчев“ – Штип.

Таа забележува дека, како и во претходните случаи, доколку се откријат сторителите ќе се бара да ја надоместат целата штета. Инаку, летна сцена во штипската Библиотека се користи во текот на летната сезона за промоции на книги и други културно-емтнички настани.

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо

Во штипско Ново Село одбележани 101 година од убиството на Тодор Александров

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Уапсени тројца штипјани, криеле автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски

65-годишна штипјанка со нож го ранила шест години постариот сопруг

Горан Наумовски

54-годишен штипјанец со нож си ја убил мајката

Горан Наумовски