Состанок на арапските амбасадори поради ставот на Австралија за Ерусалим

Од:

Амбасадори на 13 арапски држави одржуваат средба во австралиската престолнина Канбера, загрижени дека одлуката на Австралија да го разгледа признавањето на Ерусалим како главен град на Израел, би можела да нанесе штета на мировната перспектива во регионот, изјави амбасадорот на Египет во Австралија Мохамед Каират.

Претходно австралискиот премиер Скот Морисон даде неочекувана изјава, дека е „отворен“ по прашањето на признавање на Еруслаим и можноста за преместување на амбасадата на Австралија во тој град, додавајќи дека прашањето е чувствително.

Со неговата изјава тој ги поттикна 13 амбасадори да свикаат состанок во Канбера.

– Постигнавме согласност да испратиме писмо до министерот за надворешни работи, во кое изразуваме загриженост и неспокој во врска со оваа изјава. Таквата одлука би наштетила на мировниот процес и би имало негативни последици за односите на Австралија не само со арапските, но и со многу други муслимански земји “, изјави египетскиот амбасадор.

Индонезија, најмногубројната муслиманска земја, исто така,ја предупреди денеска Австралија дека преместувањето на австралиската амбасада во Израел во Ерусалим би нанело штета на мировниот процес меѓу еврејската држава и Палестинците.
Индонезиската министерка за надворешни работи Ретно Марсуди изјави дека изразила несогласување пред австралиската страна поради таквата идеја.

– Индонезија ја повикува Австралија и останатите земји во светот да продолжат да го поддржуваат мировниот процес и да не вршат какви било дејствија кои можат да го поткопаат процесот и светската безбедност, рече Марсуди по средбата со палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ал Малики, кој е во посета на Индонезија.

Би можело да ве интересира

Најмалку 17 Палестинци загинаа низ Газа во израелски напади

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел

Нетанјаху: Израел ќе одговори со сила на секое прекршување на примирјето во Либан

Горан Наумовски

Израел се согласи на примирје со Хезболах

А1он