„Дамата со камелии“ во Македонската опера и балет

Од:

Во Македонската опера и балет вечер од 20 часот ќе биде изведена раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ на музика од Џузепе Верди. Во главните улоги ќе настапат првенците Марија Кичевска-Шокаровска и Бобан Ковачевски.

– Балетската продукција „Дамата со камелии“ наиде на одличен одѕив кај публиката и беше оценета со позитивна критика. Својата премиера ја имаше на 31 октомври 2014 година. Работена е на музиката на Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“. Кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург. Прекрасните костими и убавата сценографија се дело на Павол Јураш, гостин од Словачка, соопшти МОБ.

Покрај солистите Кичевска-Шокаровска и Ковачевски, ќе настапи балетскиот ансамбл и оркестарот на Македонската опера и балет. Диригент е Иван Еминовиќ.

Би можело да ве интересира

Двојна изведба на балетската претстава „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски

Концерт „Легендите живеат вечно“ во Македонска Филхармонија

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

На Денот на шегата и маските уште две претстави на „Петар Пан“

Ана Ололовска

Балетската претстава „Жизел“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Изведба на оперската претстава „Боеми“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска