Министерката Дескоска на конференција во Шибеник

Од:

Министерката за правда Рената Дескоска во Шибеник учествува на дводневна конференција на високо ниво „Зајакнување на транспарентноста и одговорноста со цел обезбедување интегритет: Обединети против корупција“, организирана од Министерството за правда на Република Хрватска во соработка со ГРЕКО (Група држави против корупцијата).

Во рамки на конференцијата, како што соопшти Министерството за правда, ќе бидат промовирани национални механизми за борба против корупција и ќе се промовира јавната транспарентност, со цел да се зајакне транспарентноста и одговорноста.

Конференцијата ќе се одржи денеска и утре во Шибеник (Хрватска) под покровителство на хрватското претседавање со Комитетот на министри на Советот на Европа.

Би можело да ве интересира

Во Загреб пронајдени распаднати човечки останки, припаѓаат на поранешен хрватски ММА борец

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

40 години затвор за убиецот на младиот доставувач на храна во Хрватска

Катерина Ѓуровски

Ја уби сопругата додека детето славеше роденден – таа повика полиција еден час претходно

А1он

Дигиталната забава бара повеќе од добар дизајн: Како возрасните ја избираат вистинската онлајн платформа

Опасниот отпад ја ниша хрватската влада