СДСМ: Сите пратеници имаат обврска да ги поддржат уставните измени

Од:

„Сите измислици на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, сите лажни вести паднаа во вода.

Уставните измени доставени во Собранието на Република Македонија потврдија: се зајакнува македонскиот идентитет, се унапредува грижата за дијаспората и Македонците кои живеат во соседните земји и во светот, се гарантираат границите и територијалниот интегритет, а со повикување на конститутивните одлуки од АСНОМ, се зацврстува историскиот континиутет на државноста.

Целокупната постапка е согласно Уставот, законите, Деловникот и на основа на јасно изразената мнозинска волја на граѓаните.

Над 80 отсто од сите граѓани и над 90 отсто од граѓаните кои гласаа на референдумот јасно кажаа дека се за иднина во ЕУ и НАТО.

Сите пратеници вклучително и оние од ВМРО-ДПМНЕ имаат обврска да ја почитуваат мнозинската волја и да дадат поддршка на уставните измени кои го зајакнуваат македонскиот идентитет и ги отвораат вратите за влез во ЕУ и НАТО.

Доколку врвот на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски продолжуваат да го кочат членството во НАТО и ЕУ, тогаш не преостанува ништо друго освен организирање на предвремени избори на кои граѓаните ќе ја потврдат одлуката за иднина во НАТО и ЕУ.

Мицкоски нема да избега од волјата на граѓаните. Амнестија нема, Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

(ВИДЕО) Борозан: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство

СДСМ: Максо остана сам да го „одработи“ авансот од Мицкоски

Горан Наумовски

Дојчиновски: Време е институциите да постапат по сомнежите за злоупотреби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема кредибилитет да зборува за земјоделието