ВИДЕО: Ураганот „Лесли“ стигна во Европа, ветерот до 176 километри на час покоси стотина дрвја

Од:

Ураганот „Лесли“ ја зафати Португалија со силни удари на ветер кој искорна стотина дрвја, а повеќе од 15.000 домаќинства остави без електрична енергија.

Надлежните служби ги предупредија граѓаните да останат во своите домови, а речиси сите летови од Португалија се откажани.

Регистрираната брзина на ветерот била 176 километри на час.

Во налетот на ураганот 27 се повредени, а 60 биле приморани да се евакуираат. Метеоролошката служба во Португалија издаде црвен аларм за силни ветрови и опасни временски услови во 13 од вкупно 18 дистрикти на копното.

Многу ретка е појавата ураган од Атлантикот да стигне до полуостровот и се смета дека ова до сега е најсилното невреме кое ја зафатило Португалија од 1842 година.

Ураганот се движи кон Шпанија, а се предвидува дека областите Астуријас, Леон и Кантабрија ќе бидат зафатени со многу обилни врнежи.

Би можело да ве интересира

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе