Папата Павле Шести и надбискупот Ромеро прогласени за светци

Од:

Папата Франциско денеска ги прогласи за светци двете „најважни и најоспорувани личности“ на Католичката црква во 20 век – папата Павле Шести и салвадорскиот надбискуп Оскар Ромеро.

Церемонијата на канонизација се одржа на плоштадот Свети Петар во присуство на десетици илјади верници.

Павле Шести е познат по тоа што, откако стана папа во 60-тите години на минатиот век, го воведе служењето литургија на национален, наместо на латински јазик, а со тоа ги зајакна односите со луѓето од други вери и ја воведе практиката папите да патуваат по светот.

Во 1968 година го потврди противењето на Ватикан за контрацепција со што ги зајакна конзервативните, а ги оддалечи напредните сили во Римокатоличката црква.

Надбискупот Оскар Ромеро е познат по тоа што остана покрај народот во Салвадор и ги осудуваше сиромаштијата, неправдата, убиствата и малтретирањата.

Во 1980 година е убиен за време на миса во болничка капела.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска