Покров на Пресвета Богородица

Од:

Денеска е Покров на Пресвета Богородица. Празник посветен на вечното покровителство на Мајката Божја

Овој празник е во врска со почитувањето на Пресвета Богородица како заштитничка и покровителка на сите христијани. Настанот што се празнува на 1 октомври (с.с.) се случил на овој ден 911 година за време на цар Лав Мудри (Филозоф).

Тогаш за време на ноќното бдеење во црквата посветена на Богородица во Цариград, кога била преполна со народ, во четвртиот час по полноќ се појавила Богородица со покрив во рацете. Блеснала во сјај придружена од апостоли, светци, маченици и девици. Со покривот го покрила целиот народ за по нејзиното исчезнување да исчезне и покривот оставајќи им благосостојба на тие што тука се нашле во тој момент.

Празникот Покров на Пресвета Богородица е востановен во спомен на овој настан, но и да потсетува на постојаното покровителство на Пресвета Богородица и помошта што таа им ја дава на сите што ѝ се молат искрено.

Би можело да ве интересира

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите