(ВИДЕО) Богоевски: Уставните измени се пред нас, пратениците имаат обврска да обезбедат иднина во ЕУ и НАТО

Од:

„Со тоа што Собранието преку Комисија за уставни прашања ги поддржа уставните амандмани со тоа отворен е патот, на пленарна седница пратениците да донесат сопствена одлука за ова историско, важно прашање.

Ги повикувам сите пратеници, особено оние од ВМРО-ДПМНЕ, да се одважат и да ги поддржат овие амандмани со што ќе ја обезбедат евроатланската иднина на нашата држава“, рече Павле Богоевски, пратеник од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и коалицијата.

„Ние во минатото сме имале најразлични мислења и полемики, сме имале различни дебати и расправи, но секогаш сме имале обединет и заеднички став по ова важно, значајно и историско прашање. Сега е приликата тоа да го покажеме на дело и заедно да го обезбедиме патот кон ЕУ и НАТО.

Волјата на мнозинството е кристално јасна. Повеќе од 90 отсто од граѓаните што излегоа на референдумот и ја дадоа својата поддршка за тоа Македонија да биде дел од ЕУ и НАТО. А со уставните амандмани се потврди дека не се губи ништо. Напротив, се утврдува идентитетот и се обезбедува негова гаранција, сега и во иднина.

Се утврдува и неповредливоста на нашите граници и се зацврстува историскиот континуитет на државноста.

Како пратеници исправени сме пред сериозна одлука, и да ги поддржат уставните амандмани на оваа пленарна седница во Собранието“, изјави Павле Богоевски, пратеник од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски