Ѓорчев од Вашингтон: СДСМ поразен на референдумот, ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставните измени

Од:

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев во Вашингтон оствари средба со Џим ДеМинт, претседател на Институтот за конзервативна соработка (ЦПИ) близок до Републиканската партија.

Ѓорчев го информираше соговорникот за актуелната политичка состојба во Македонија после неуспешниот референдум на 30-ти септември, на кој што политиките на Зоран Заев доживеаја тежок пораз.

„На референдумот граѓаните во големо мнозинство искажаа незадоволство од предлозите на владата на СДСМ, порачувајќи дека не даваат поддршка за уставните измени.

Од тие причини, ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука во Собранието да не гласа за уставните измени кои што ги предлага владата на Зоран Заев.

Истовремено, Македонија се соочува со влошена економија, зголемен долг, засилен политички прогон, суспендирана демократија и намалени медиумски слободи“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Ѓорчев го нагласи значењето на долгорочната соработка и сојузништво на Македонија и САД, кое што го поддржуваат и промовираат поголем број на организации како Институтот за конзервативна соработка.

Џим ДеМинт е поранешен републикански конгресмен и сенатор од Јужна Каролина, а потоа беше претседател на фондацијата Херитиџ. Сега е претседател на Институтот за конзервативна соработка (ЦПИ) во Вашингтон.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски