А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Министерот Попоски го прими амбасадорот на Ирска Оливер Гроган

by А1он05/02/2013 - 14:34145
Share0

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска го прими амбасадорот на Република Ирска во Република Македонија со седиште во Букурешт, Оливер Гроган.

Следете a1on на Instagram Instagram

На средбата, како што соопшти МНР, е разговарано околу континуираната поддршка што Република Ирска ја дава во процесот на целосна евроинтеграција на Република Македонија, поважните активности што ги предвидува Република Ирска за  време на нејзиното претседавање, како и за политиката на проширување и процесот на проширувањето на ЕУ во приоритетите и програмата на ирското претседателство.

Министерот Попоски подвлече дека доделувањето датум за почеток на пристапните преговори за време на актуелното претседавање на Ирска со ЕУ ќе биде од историско значење за Република Македонија, правејќи паралела со периодот на поднесувањето и процесуирањето  на барањето на Македонија за членство во ЕУ во 2004 година кога Ирска претседаваше со ЕУ.

Ирскиот амбасадор е во посета на Македонија како претставник на земја актуелен претседавач со Советот на Европската унија, што претставува продолжение на воспоставената пракса за претставување на програмата и приоритетите од тековното претседателство пред институциите на Република Македонија.

Следете a1on на Youtube YouTube
mnr

Би можело да ве интересира

МНР на бугарскиот амбасадор Радуков му упати усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“

Горан Наумовски12/05/2026 - 17:0412/05/2026 - 17:17

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски08/03/2026 - 08:4108/03/2026 - 08:41

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

Горан Наумовски05/03/2026 - 09:43

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:2704/03/2026 - 14:28

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

Горан Наумовски04/03/2026 - 12:20

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

Горан Наумовски03/03/2026 - 11:38
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто