Француското МНР бара одговори за Кашоги од Саудиска Арабија

Од:

Француското Министерство за надворешни работи соопшти денеска дека побарало од саудиските власти да понудат транспарентни и детални одговори за судбината на новинарот Џамал Кашоги, кој исчезна по посетата на Конзултатот на Саудиска Арабија во Истанбул пред повеќе од една недела.

– Исчезнувањето на Џамал Кашоги во Истанбул покрена сериозни прашања за неговата судбина, рече портпаолката на француското МНР Ањес вон дер Мил. Таа дополни дека Франција бара да бидат јасно утврдени фактите и побара сите кои можат да придонесат за расветлување на случајот тоа и да го направат.

– Тоа е пораката која ја пренесовме на саудиските власти, потенцираше таа.

Во меѓувреме, делегација од Саудиска Арабија пристигна во Турција поради истрагата за исчезнатиот саудиски новинар.

Како што јави турската новинска агенција Анадолија членовите на делегациите ќе разговараат со турските претставници за време на викендот.

Портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калан вчера најави дека Турција и Саудиска Арабија ќе формираат „заедничка работна група“ за да го испитаат исчезнувањето на Кашоги.

Кашоги (59) исчезна на 2 октомври откако влезе во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул. Турските власти тврдат дека тој е убиен во Конзулатот, додека официјален Ријад тврди дека новинарот ја напуштил зградата неповреден.

Кашоги ја напушти Саудиска Арабија минатата година откако ја критикуваше саудиската политика во Јемен и притисокот што се врши врз критичарите на власта.

Турските медиуми во средата објавија фотографија од наводен саудиски „тим за убиство“, составен од 15 лица, а исто така објавија и видео снимка за сомнително движење во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул по исчезнувањето на Кашоги.

Саудиска Арабија не го коментираше објавувањето на фотографијата и видео снимката.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица