Седум лица од струшкото село Калишта добија кривични пријави за постоење основи на сомнение за сторенo казнено дело „учество во тепачка“.
СВР Охрид соопшти дека Полициската станица од Струга до надлежното Јавно обвинителство поднела кривична пријава против О.Е. (30), А.Ѓ. (29), И.Т. (27), Р.Ш. (27), В.Т. (29), Ј.Т. (22) и В.Т (21).
Кривичното дело, како што појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, го сториле на 16 септември оваа година, во ноќниот клуб „Оаза“ во Струга.
– В.Т. (29) најнапред физички го нападнал О.Е. удирајќи го со шише по главата, а веднаш потоа во тепачката се приклучиле и останатите сега пријавени, кои биле нивни другари, изјави Димоски.