ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на овие луѓе кои 27 години ја пљачкосуваа и пустошеа државата

Од:

„Заев треба да го слушне гласот на народот. Гласот на 1,2 милиони граѓани кои не се согласуваат со промената на името, идентитетот, јазикот и историјата на Македонија. Граѓани кои не се согласуваат со антидржавните политики на владата на СДСМ и капитулацијата која им ја подметнува Зоран Заев.

Македонскиот народ уште еднаш го покажа својот непокор. И покрај сите закани, уцени и притисоци на власта , народот се одважи и го одбрани сопствениот национален идентитет. Ниту СЈО, ниту партиското судство на Заев, ниту заканите за бркање од работа не ги поколебаа граѓаните да ги заштитат националните и државните интереси кои Заев ги распродава.

СДСМ ја погреба правната држава, го прегази правото и правдата. Пресудите и обвиненијата се пишуваат на Бихаќка. Заев е во паника и повторно го активира партиското обвинителство СЈО. СЈО му користи за политички прогон и пресметка со политичките неистомисленици, мислејќи дека ќе ги заплаши.

Тоа нема да се случи! Македонија и ВМРО преживеале многу низ историјата, а ќе го преживеат и Зоран Заев. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја почитува волјата на граѓаните и нивната мудра одлука да не го прифатат капитулантскиот договор од Преспа.

Во Македонија народот е суверен и оној кој одлучува, како што и доликува на една демократска земја. Заврши времето на транзициските политичари кои се однесува кон државата како кон своја лична своина и носеа одлуки на штета на државните и националните интереси, само со цел спас на своите политички кариери.

Заврши времето на овие луѓе кои 27 години ја пљачкосуваа и пустошеа државата. Дојде времето на нови победи, на нови успеси на Република Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години