Почна изградбата на втор резервоар за вода во Лабуништа

Од:

Почна изградбата на втор резервоар за вода за пиење во селото Лабуништа со капацитет од 700 метри кубни. За реализација на овој проект, општина Струга издвои околу осум милиони денари, а останатите околу четири милиони денари се инвестиција на Министерството за животна средина и просторно планирање.

На поставувањето на камен темелникот за изградба на резервоарот денеска присуствуваа градоначалникот на општина Струга Рамиз Мерко, шефот на Кабинет Дашмир Насуфи, пратеникот Агим Шаќири и други функционери од централната и локалната власт.

Ова, како што појасни градоначалникот Мерко, е втор резервоар за вода во Лабуништа, кој целосно ќе ги задоволи потребите со чиста вода за пиење на жителите во ова село.

– Ова е само почеток. Општината ќе продолжи со реализација на нови проекти во Лабуништа, но и во другите населени места. Ќе се потрудиме да ги задоволиме потребите на населението за подобар и поудобен живот во општина Струга, истакна Мерко.

Градежните работи, најави, ќе ги изведува фирмата ЕРР-КОП од Лабуништа. Изведувачот досега работеше на проширување на патот за полесна и побезбедна проодност до местото каде ќе биде резорвоарот за вода.

Во рамки на посетата на Лабуништа градоначалникот изврши увид и на градежните работи на спортската сала во селото, каде е ставена подлогата, а од утре треба да почне поставувањето на железните столбови за градба.

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски