Цитроен ДСХ концепт на Саемот на автомобили во Шангај

Од:

Францускиот производител на автомобили Цитроен ќе го претстави концептот ДСХ на Саемот на автомобили во Шангај, кој се одржува од 21 до 29 април годинава.

Концептот претставува најава на нов модерен Цитроен модел во СУВ сегментот.

Изработен врз платформа на моделот ДС5, концептот ДСХ во производство ќе влезе најверојатно во 2014 година, најпрво на кинескиот, а потоа и на европскиот пазар. Автомобилот ќе биде долг 4,7 метри, а во понудата се очекува да се најдат бензински и дизел агрегати, како и дизел-електричен модел.

Моделот со погон на четири тркала, електричниот мотор ќе ги придвижува задните тркала, додека конвенционалниот дизел агрегат силата ќе ја испорачува на предната оска. Моделите со бензински и дизел мотори нема да бидат достапни со погон на сите тркала.

Европската верзија ќе има дизел-хибриден погон составен од ХДИ дизел агрегат со 163 коњски сили и електричен мотор со 37 коњски сили. Во кина ДСХ ќе го придвижува 1,6 литарски ТХП бензински мотор кој испорачува 243 коњски сили.

Почетната цена на Цитроен ДСХ во Европа се очекува да биде околу 39.000 евра.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска