Тимовите во Формула 1 го одбија предлогот за проширување на зоната на бодови

Од:

Директор за трки на Светската автомобилистичка федерација (ФИА), Чарли Вајтинг соопшти дека тимовите не најдоа заеднички јазик за проширување на местата кои носат бодови на трките во Формула 1 за сезоната 2019.

Беше предложено зоната на бодови да се прошири од 10. на 15. место. Во овој случај, десеттата позиција би носела најмалку шест бода, а исто така би се зголемиле и бодовите за првото место.

– Беше дискутирано на оваа тема. Доколку сите тимови се согласија со оваа опција, ќе го разгледавме неговото воведување уште во 2019 година. Сепак, генералното мислење на тимовите е дека не се прифаќа промената во бодувањето, изјави Вајтинг.

Ова е многу важна одлука и евентуална промената во бодувањето би важела во следните 10 години, па затоа сакаме консензус по ова прашање со цел да не се навраќаме на него повторно, додаде Рос Браун, спортскиот директор на Ф1.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес