(ВИДЕО) Митровски: Државата овозможува мултимилионски бизнис со канабис, а граѓаните ги гони како криминалци

Од:

Десетина граѓани, меѓу кои и личности од јавниот живот се собраа пред Основното јавно обвинтелство во Скопје да го изразат незадоволството од одлуката на кривичниот суд во Скопје, по предлог на надлежен јавен обвинител, да ѝ определи 30 дневен притовор на Моника Ристеска која се наоѓа во затворот во Шуто Оризари.

Нејзиниот адвокат, Јанаки Митровски рече дека е недозволиво државата да овозможува мултимилионски бизнис со канабис, а да ги гони граѓаните кои се уживатели како криминалци.

Протестот се одржа под слоганот „И јас сум Моника, апсете ме“.

Обвинителството претходно соопшти дека активистката за легализација на марихуаната, Моника Ристеска е осомничена дека во текот на 2017 и 2018 година во повеќе наврати неовластено набавила наркотична дрога марихуана, од која со понатамошна преработка добивала наркотична дрога хашиш и други опојни средства, кои потоа ги продавала во Скопје.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Моника Ристеска осудена на две години условна казна

Кристијан Ландов

Поднесено обвинение против Моника Ристеска и барање за продолжување на притворот

Наум Локоски

ХК: Притворот не е неопходна мерка за Моника Ристовска

Ана Ололовска

ВИДЕО: Протест пред Обвинителството за притворот на Моника Ристеска

Ана Ололовска

Бошњаковски: Одлуката за 30-дневен притвор за Ристевска е престрога во однос на стореното дело

Ана Ололовска

Пронајдени марихуана, шприцеви и хашиш во домот на Моника, соопшти Обвинителството

Ана Ололовска