Поднесено обвинение против Моника Ристеска и барање за продолжување на притворот

Од:

Обвинение против Моника Ристеска за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори достави Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1.

Како што наведуваат од Јавното обвинителство на РМ, осомничената се товари дека во текот на минатата и оваа година, со умисла извршила дејствија кои претставуваат повеќекратно остварување на истото дело. Притоа, Ристеска неовластено кај себе држела, преработувала и продавала наркотична дрога марихуана и хашиш смола.

На 29. септември минатата година во скопското село Ракотинци при извршен претрес од страна на полицијата, кај осомничената биле пронајдени и одземени една полиетиленска кесичка со нето 27.46 грама марихуана, два шприца со наркотична дрога хашиш смола со вкупен волумен од 9 милиметри, три шприца со остатоци од наркотична дрога хашиш смола, една дигитална вага со остатоци од марихуана, две шишиња со вкупен волумен од 2060 милилитри и една пластична туба со етил алкохол органски растворувач, наменети за преработка на наркотична дрога.

Потоа, на 05. јули годинава во близина на Канцеларијата за врски на Грција во Скопје, од страна на полицајци било извршено легитимирање на осомничената и кај неа биле пронајдени два шприца со остатоци од наркотична дрога хашиш смола, а еден шприц со волумен од 2 милилитри со наркотична дрога хашиш смола е пронајден кај сведок на кого што обвинетата му го продала за 3.000 денари.

Во трет претрес, на 08. октомври годинава, на скопската улица „Мите Богоевски” кај осомничената Ристеска биле пронајдени полиетиленски пакувања со опојна дрога – марихуана помешана со тутун со нето маса од 30,15 грама, една полиетиленска кесичка со наркотична дрога марихуана со нето маса од 7,62 грама, четири шприца со вкупен волумен од 39,7 милилитри наркотична дрога хашиш смола, една тегла со семки од растението канабис со нето маса од 0,42 грама, две пластични чаши со хашиш масло со волумен од 12 милилитри, две дигитални ваги со остатоци од непозната материја, еден мал вентилатор, два електрични блендери, еден топломер, едно грејно тело марка „ИЦМ”, 19 празни шприцови, 12 стерилни медицински капи, еден електричен тајмер, пластични чаши, стаклени епрувети и една пластична туба со налепница „Етанол” кои сите биле наменети за производство, а потоа и за продажба на наркотична дрога.

Како што истакнуваат од Јавното обвинителство, во Република Македонија со закон е казниво неовластеното производство, преработка, продажба или нудење на продажба, како и заради продажба купување, држење, пренесување или посредување во продажба или купување или на друг начин неовластено пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Врз основа на ова, заедно со обвинението, ценејќи дека се уште постојат законските основи, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за Моника Ристеска.

Би можело да ве интересира

Ниту една пријава до обвинителство за изборите – изборниот ден мина мирно

Анита Петровска Рајковиќ

Обвинителството чека извештај за претресите во Идризово, официјална потврда за ископаните тунели се уште нема

Татко ги терал децата да питачат, а парите ги трошел во казино – доби пријава

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Обвинителството задоволно од пресудата во случајот со грабнувањето на Костадиновски

Орце Костов

Обвинителство: Институциите да се воздржат од споделување информации, убиецот на докторот од Железара не е откриен

Орце Костов

Притворените за убиството на лекарот ќе бидат пуштени – нема докази дека се извршители на делото

Анита Петровска Рајковиќ