Попоски: Датум за време на ирското претседаање од историско и симболично значење

Од:

Доделувањето датум за преговори во време кога Република Ирска претседава со ЕУ ќе биде од историско значење за Република Македонија и ќе има одредена симболика, од причина што статусот на земја кандидат го добивме во 2005 година, кога Ирска исто така беше претседавач со Унијата.

Ова  го истакнал министерот за надворешни работи Никола Попоски на денешната средба со амбасадорот на Република Ирска во Република Македонија со седиште во Букурешт, Оливер Гроган, соопшти МНР.

На средбата станало збор околу континуираната поддршка што Република Ирска ја дава во процесот на целосна евроинтеграција на Република Македонија, поважните активности кои ги предвидува за време на нејзиното претседавање, како и политиката и процесот на проширувањето на ЕУ во приоритетите и програмата на ирското претседателство.

Ирскиот амбасадор се наоѓа во посета на Република Македонија како претставник на земја актуелен претседавач со Советот на Европската унија, што претставува продолжение на воспоставената пракса за претставување на програмата и приоритетите од тековното претседателство пред македонските институции, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

МНР реагира за Михаилова: Владеењето на правото не смее да биде селективно

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува голем пресврт: Украина, Албанија, Молдавија и Црна Гора на списокот за забрзано членство, за останатите соработка во вселенската индустрија

Предраг Петровиќ

Сиљановска-Давковa во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ

А1он

„Политико“: Европската унија подготвува патокази за Црна Гора, Украина, Молдавија и Албанија

А1он