СДСМ: Врвот на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лажни вести

Од:

„Соочено со вистината, врвот на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лажни вести, пратениците да ги поддржат уставните измени кои го гарантираат идентитетот и носат членство во НАТО и ЕУ

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ соочено со вистината и со волјата на огромното мнозинство граѓани, шири само лажни вести.

Граѓаните го кажаа својот став. 80 отсто од сите граѓани и над 90 отсто од оние кои гласаа на реферндумот, јасно кажаа дека се за иднина во ЕУ и НАТО.

Процесот продолжува понатаму, сега е време пратениците да ја оправдаат довербата која им е дадена токму од граѓаните и одговорноста да ја испочитуваат нивната волја, да ги поддржат процесите во Собранието и уставните измени да бидат усвоени.

Со предлог измените се потврдува дека идентитетот, јазикот и македонската посебност се загарантирани и трајно заштитени. Со уставните измени не се губи ништо, туку напротив, се обезбедува иднина во ЕУ и НАТО со зајакнат македонскиот идентитет кој конечно станува признаен од целиот свет.

Време е сите пратеници кои се за НАТО и ЕУ вклучително и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да не подлегнуваат на притисоци и да гласаат по сопствено убедување, водејќи се и од одговорноста на пратеници избрани од граѓаните да ја испочитуваат мнозинската волја на граѓаните, кои се за влез во ЕУ и НАТО со заштитен и загарнтиран македонски идентитет“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години