ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја држи Македонија во заложништво поради лични и теснопартиски интереси

Од:

„1,2 милиони граѓани на Република Македонија на 30-ти септември кажаа не за промена на името, идентитетот, јазикот и историјата, не за откажувањето од македонското малцинство во соседството. Граѓаните кажаа не на капитулантскиот договор од Преспа и распродажбата на државните и националните интереси со единствена цел, спас на политичката кариера на Зоран Заев.

Секој еден од пратениците се избрани од граѓаните, да ги претставуваат нив и нивната волја, а волјата на граѓаните е јасна, тие не го прифаќаат капитулантското дело наречено преспански договор.

Заев мора да е уценет штом оди спротивно на волјата на граѓаните. Уценет за неговите криминали и криминалите на неговите сопартијци со кои само за година и половина спроведоа холивудски грабеж во Македонија. Граѓаните не може и не смее да ја плаќаат цената за концесиите на Заев, за неговата коцкарска “all I” политика. Самоволието на власта мора да запре, Уставот и законите мора да се почитуваат.

Заев се плаши од независно и објективно обвинителство, кое ќе го истражи случајот „Поткуп“, случај во кој цела држава го виде како бара поткуп од струмички бизнисмен во висина од 200 илјади евра, освен судот. Власта се плаши од правосудство кое наместо да ги амнестира криминалите на државните и партиските функционери на СДСМ ќе гони за сторените криминали. Правната држава ќе се врати само кога ќе формира независно обвинителство кое ќе ги истражи крвавите тендери, криминалните грантови и изборниот фалсификат на референдумот.

Заев ја држи цела Македонија во заложништво, само поради свои лични и теснопартиски интереси. Граѓаните му го покажаа црвениот картон на СДСМ, време е тие да ја напуштат Илинденска бб. Тоа е единствен начин Македонија да победи!“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче го честиташе 11. Октомври: Аманетот од хероите на НОБ е да ја продолжиме борбата

А1он

(ВИДЕО) СДСМ за скандалот со директорот на Неврологија: Не може човек што се дрогира да се занимава со здравјето на луѓето

А1он

Филипче од Ѓорче Петров: Коки е човек од народот, направи повеќе за Ѓорче од актуелниот градоначалник на ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Каранфилова Пановска: Во центарот на програмата на СДСМ и Маја Хеско за Велес се граѓаните и нивните потреби

Ливриниќ: Ќе изградиме нова зелена оаза и простор за рекреација за сите генерации

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мантев: Неспособноста на ДПМНЕ го доведе Неготино во очај, ние имаме решенија и ќе го вратиме сјајот на градот