ВИДЕО: Гневните жители во Аеродром со удари ги оштетија лимените тараби

Од:

Револтирани граѓани од Општина Аеродром протестираа против изградба на деветокатница на зеленилото пред „Мајчин дом“, при тоа блокирајќи го булеварот „Јане Сандански“ повеќе од два часа.

Насобраните граѓани бараа да не се гради деветокатницата, наведувајќи дека се револтирани од предизборните ветувања на градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин.

Тие истакнаа дека „ништо од тоа што ветил не исполнил“, правејќи го тоа на кое се спротивставувал на претходните власти.

– Граѓанската иницијатива „Сакаме Аеродром да дише“, не прифаќа никаква средба во Општина Аеродром, бидејќи ние бараме неотповиклива отставка од градоначалникот и воопшто не сакаме да разговараме со него. Доколку не е во можност да ги исполни предизборните ветувања што им ги даде на аеродромци тогаш нека се повлече од функцијата, нека биде чесен и достоинствен, истакна Искра Манојлоска, претставник од Иницијативата.

Еден од граѓаните посочи дека спорното земјиште, односно зелениот парк до „Мајчин Дом“ е приватизиран во 2006 година, а минатата година е пренаменето во градежно земјиште. Тој ја бара вината во претходниот градоначалник Ивица Коневски за стореното, како и од сегашниот градоначалник Марин за издавањето на дозволата за градба.

Според граѓаните кои протестираа, предвидено е игралиштето што се наоѓа позади „Мајчин Дом“ да биде урнато и на тоа место да биде изгадена катна гаража. Дел од граѓаните се песимисти дека некој ќе го слушне „гласот на народот“ и дека ќе се спречи градбата на зградата до „Мајчин Дом“. Велат дека тоа е единствената зелена површина во околината.

Дел од лицата на протестот се обидоа да ја турнат оградата на парцелата, по што се зголеми бројот на полицајците.

Демонстрантите, кои го започнаа протестот во 17.00 часот, најавија дека околу 18.00 часот ќе одат во Општината со цел да разговараат со Марин, но за време на протестот побараа тој да дојде кај нив и да разговараат.

Градоначалникот Златко Марин, на прес-конференција, рече дека не може да ги сопре градежните работи и ги повика граѓаните слободно да протестираат и искажат својот став. 

Би можело да ве интересира

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

Инцидент на блокадата во Нови Сад: Беа кренати знамињата на ЕУ, па започна турканица

Горан Наумовски

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Нов протест поради трагедијата во Нови Сад, се бараат оставки: „Народот е гладен за правда“

Горан Наумовски

Протест на опозицијата во Белград

(ВИДЕО) Протест во Нови Сад, градот е полн со полиција