Одделението за инспекциски надзор на дејноста заштита на децата од Министерството за труд и социјална политика во моментот врши вонреден надзор во градинката „Бубамара“ во Ново Лисиче, информира Министерството.
Надзорот се прави, како што информираат, откако родител на дете коешто ја посетува градинката во Министерството испрати писмо во кое што тврди дека негователките несоодветно и дрско се однесуваат со децата.
„Министерството за труд и социјална политика итно реагираше со цел да го расветли случајот во најкраток можен рок. Доколку се потврди веродостојноста на случката, сите одговорни ќе бидат веднаш санкционирани. МТСП нема да толерира какво било несоодветно однесување со децата во градинките. Во најбрз рок ќе ја известиме јавноста за наодите и следните чекор во однос на овој случај“, велат од Министерството.