Девојката која јавно пушеше марихуана и активистка за легализација на канабисот и негова широка употреба во медицината, Моника Ристеска е изведена пред судија на претходна постапка.
Вчера полицијата го пронашла нејзиното привремено живеалиште, откако пред неколку месеци, беше извршен претрес на во домот на нејзините родители, адреса која е заведена како живеалиште по лична карта. Претресот бил извршен по барање на јавен обвинител од скопското обвинителство, oбјави Здружението за канабис и зелени политики „Билка“. Таа вечерта ја помина во полициската станица во Автокоманда.
Кривичното дело кое и се става на товар е продажба на наркотици. Судијата на претходна постапка треба да предложи мерки за обезбедување присуство.
Ристеска во април беше приведена бидејќи на јавно место пушеше марихуана, а потоа беше пуштена.
Кристијан Ландов