Активистката Ристеска осудена на една година затвор

Од:

На една година затвор е осудена активистката Моника Ристеска кај која во мај годинава при претрес во нејзиниот дом беше пронајден канабис. Обвинителството ја гонеше за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги. Ристеска е во притвор од мај годинава, а претресот беше направен во нејзиното привремено престојувалиште во Куманово.

Минатата година активистката беше осудена на две години условна казна за истото дело. Таа тогаш ја призна вината, но истовремено посочи дека се кае и вети дека нема да го стори истото кривично дело. Тогаш судот одлучи условната казна од две години да ѝ се изрече доколку во наредните пет години таа стори кривично дело.

По условната пресуда минатата година, адвокат Јанаки Митровски посочи дека смета оти 63 ноќи во затворот во Шуто Оризари воспитно влијаеле врз обвинетата, но таа го повтори делото.

Би можело да ве интересира

Активистката Ристеска облеана во крв тврди дека татко и се обидел да ја убие, полицијата го уапси

Кристијан Ландов

Бошњаковски: Одлуката за 30-дневен притвор за Ристевска е престрога во однос на стореното дело

Ана Ололовска

Пронајдени марихуана, шприцеви и хашиш во домот на Моника, соопшти Обвинителството

Ана Ололовска

Борјан Јовановски со џоинт ќе протестира пред ОЈО против апсењето на Ристеска

Ана Ололовска

Моника се јави: Не ме барајте, во притвор сум 30 дена

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Активистката Ристеска по скоро 24 часа во станица спроведена пред судија

Ана Ололовска