Протестниот караван на опозицијата со променета маршута

Од:

СДСМ денеска ќе го продолжи протестниот караван со автомобили на членови на партијата. Караванот ќе се движат по нова маршута која ќе се протега по сообраќајниците на населбите Аеродром, Автокоманда, Железара, Чаир и Центар.

Колоната автомобили ќе тргне од пред салата „Јане Сандански“ и ќе се движи по булевар „АВНОЈ“ кон Ново Лисиче. На крстосницата со булевар „Србија“, караванот ќе сврти лево и ќе се движи по булеварот „Киро Глигоров“, се до клучката во Автокоманда. Потоа ќе продолжи да се движи по булеварот „Александар Македонски“ и преку улиците „16-та Македонска бригада“, „Коце Металец“ во Железара и „Ферид Бајрам“ во Чаир.

На крстосницата пред општина Чаир караванот ќе сврти десно по булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, па потоа лево по улицата „Босна и Херцеговина“ и ќе се движи по улиците „Кемал Сејфула“, „Џон Кенеди“ и „Цветан Димов“, се до булеварот „Крсте Петков Мисирков“.

Преку булеварот „Гоце Делчев“, покрај ТЦ „Мавровка“ и „Илинденска“, караванот ќе пристигне пред зградата на Влада на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски?

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица