Активистката Моника Ристеска ноќта ќе ја помине во полициската станица во Автокоманда, по барање на јавен обвинител од скопското обвинителство, oбјави Здружението за канабис и зелени политики „Билка“. Ова следува откако претходно полиција од Оделот за недозволена трговија и шверц на дрога, изврши претрес во нејзиниот дом.
Утре околу пладне Моника и уште едно лице се очекува да бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1, каде што треба да бидат предложени мерките за обезбедување присуство.
Ристеска е еден од најактивните активисти за легализација на канабисот и негова широка употреба во медицината. Активистката беше приведена, бидејќи на јавно место пушеше марихуана, а потоа беше пуштена.