Почнува истрагата за причините за пожарот во Трескавец

Од:

Во манастирот Трескавец од изутрината се констатира состојбата и почнува истрагата за причините за катастрофалниот пожар во кој изгореа конаците.

Од 11 часот во Прилеп почнува итна седница на економскиот, а потоа и на општинскиот совет со единствена точка на дневниот ред – пожарот во манастирот Трескавец, состојбата и можните први чекори за преземање мерки.

Пожарникарите, полицијата и дел граѓани останаа ноќеска, а побројно пристигнаа уште изутрината за да понудат помош. Прилепчани, за кои Трескавец има посебно значење, и за жал, го имаат искуството со големиот пожар од пред 23 години кога исто до темел беа уништени конаците, се мобилизираат и овој пат.

Причините се уште не се познати за избувнувањето на огнената стихија, но почнува истрагата на надлежните.

Министерката за култура Елизабета Канческа Милеска најави дека денеска до владата ќе биде доставена итна информација за манастирот, за веднаш да се подготви план, а и потоа проект за обнова на уништеното.

– Остана срцето на манастирот. Црквата од 13. век е спасена како и трпезаријата од 14 век, рече владиката Климент.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Спасени се две туристки од Полска кои паднале во пресек од карпа над провлија кај „Трескавец“

Се бараат доброволци за гаснење на пожарот кај Трескавец

Наум Локоски

ЦУК: Повторно е активен пожарот во близина на Трескавец

Наум Локоски

Трескавец се уште во опасност, голем број доброволци се борат со огнената стихија

Наум Локоски

Околу 140 луѓе внимаваат на пепелиштето околу манастирот Трескавец

Ана Ололовска

ЦУК: Пожарот околу манастирот Трескавец ставен под контрола

Ана Ололовска