Крива Паланка го одбележува Денот на ослободувањето

Од:

Со положување цвеќе на спомен-бистата на паднатите борци од Народноослободителната борба на плоштадот „Карпошово востание“ во Крива Паланка денеска почна одбележувањето на 8 Октомври – Денот на ослободување на oпштината.

Цвеќе положија делегации од општина Крива Паланка, предводена од градоначалникот Борјанчо Мицевски, од Советот на општина Крива Паланка, од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство предводена од министерот Љупчо Николовски, од амбасадата на Украина во Република Македонија предводена од амбасадорот Наталија Задорожњук.

Цвеќе положија и делегации од збратимените општини: Свидник, Словачка, Лугож, Романија, Перечин, Украина, Млава, Полска, Вршац,Србија, Дупница, Бугарија, Бор, Србија, Трговиште, Србија, Витина, Косово, од Националниот совет на националното малцинство во Србија, од општините Ранковце, Кратово, од општинскиот Сојуз на борци – Крива Паланка, од политичките партии, од Здружението на пензионери, Центар за економски анализи – Скопје и граѓани.

Чествувањето на празникот ќе продолжи со свечена седница во општинската сала, каде ќе бидат доделени „Осмооктомвриската награда“ и признанија, по што на плоштадот пред општинската зграда ќе се одржи празничен концерт. Попладне во „Етно гостилница Воденица 3“ се организираат манифестацијата „Шопска софра“ и дефиле-ревија на народни носии од прекуграничниот регион „Пчиња-Краиште“ со избор на најдобар пар.

На главниот градски плоштад од 12 до 14 часот припадници на Армијата на Република Македонија ќе спроведат тактичко-технички збор, со изложба и презентација на борбени возила, механизација, лесно пешадиско вооружување и останата опрема, а ќе се реализира и прелет на армиски хеликоптер на небото над Крива Паланка.

Во Центарот за култура во Крива Паланка вечер, во 19 часот, ќе се одржи и свечена академија по повод 74 години од ослободувањето на градот.

Би можело да ве интересира

Тројца насилници од тераса турнале познаник

Предметот за загадувањето на Крива Река ќе го преземе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка шири паника и манипулира пред избори

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Крива Паланка кривично да одговара за лагите

Горан Наумовски

Тројца мажи од кривопаланечкото село Луке убиле соселанец, па го закопале во дупка

ДОМ: Градоначалникот на Крива Паланка да поднесе кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид