Прв центар за иновации и развој на мали и средни претпријатија

Од:

Прв центар за иновации и развој на мали и средни претпријатија ќе биде претставен денеска во Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) како дел од BIC-SR – Регионален бизнис центар за иновации.

Релевантни претставници раководители на програмите за финансирање од ЕУ фондови ќе ги претстават можностите за финансирање кои компаниите може да ги користат и детално ќе ја образложат постапката и одговорат на прашања од бизнис заедницата.

На настанот ќе присуствуваат и компании членови на сојузот, а целта е детално запознавање со ЕУ Програмите и како истите да ги искористат за развој и идни инвестиции.

Пред присутните свои обраќања ќе имаат Данела Арсовска, претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија, Зоран Шапуриќ, министер задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија и Ксенија Вангелова, директор на BIC SR.

Можноститите и условите за користење на ЕУ фондови ќе ги презентираат директорот на Finnova Хуан Мануел Равуелта Перез и Луиџи А. ДелАквила, раководител на Одделот за европски фондови на Европската академија на региони.

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски