Нурмагомедов се извини за инцидентот, Мекгрегор нема да тужи

Од:

Рускиот борач Хабиб Нурмагомедов јавно се извини за инцидентот што го предизвика по борбата со Ирецот Конор Мекгрегор.

Нурмагомедов ја одбрани УФЦ титулата, откако со технички нокаут во четвртата рунда го победи ирскиот борач, но по завршувањето на борбата го нападна спаринг – партнерот на Мекгрегор, а потоа започна физичка пресметка меѓу повеќе лица.

-Пред се сакам да се извинам на публиката и организаторите. Знам дека ова не беше мојата најдобра страна, но и јас сум човечко суштество. Жалам што дел од луѓето не можат да ја сфатат мојата реаквија, но тој ја навредуваше мојата религија, мојата земја и татко ми. Ова треба да биде спорт на почит, а не на навреди и тоа сакам да го сменам, истакна Нурмагомедов.

По натпреварот тројца членови од тимот на Нурмагомедов беа уапсени поради напад, но потоа беа ослободени.

Ораганизаторот на настанот Дејна Вајт соопшти дека Мекгрегор нема да поднесе тужба, а  ирскиот борач се огласи со кусо соопштение на социјалните мрежи.

-Добар нокаут. Едвај го чекам реваншот, напиша Мекгрегор на својот твитер профил.

Пред борбата вербалните препукувања меѓу двајцата траеа со денови, а провокациите ескалираа на задолжителното мерење кога беше избегнат посериозен инцидент.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Организиран боксерски меч два на еден – тепачката заврши на брутален начин, уште во првата рунда

А1он

Професионален боксер е убиен во Лос Анџелес, бил застрелан дури седум пати

Мејведер боксува против внук на њујоршки мафијаш, се очекува да направи голема заработка

Анџела да го напушти рингот и да му ја предаде борбата на својот ривал, за кој инсинуира дека е маж

ВИДЕО: Дали Холовеј го постигна најголемиот нокаут на сите времиња?

Предраг Петровиќ

ВИДЕО:Телевизиски водител за прв пат влезе во рингот против професионалец, не издржа ни една минута

Предраг Петровиќ