А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Кристијан Ландов
Македонија

(ВИДЕО) Мицкоски за преговорите со обвинети пратеници: Владата тргува со правото и правдината

by Кристијан Ландов07/10/2018 - 14:5307/10/2018 - 15:30253
Share0

„Самиот факт што во јавноста постои сомнеж дека некој од Владата тргува со правото и правдината, говори дека во оваа држава ниту има правда ниту има правдина, така што не би го коментирал сето она што во моментов се случува во РМ“. Ова е ставот на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по гласините дека се преговара со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставни измени, а во замена за тоа, експремиерот Никола Груевски да биде амнестиран.

Добивај вести на вибер

Мицкоски повтори дека не барал амнестија за никого и дека власта лажно го обвинува, за како што вели, да ја дефокусира јавноста.

„Власта лажно ме обвинува дека сум барал општа амнестија и на тој начин сака да ме девалвира и да ги прикрие нивните криминални дејства. Ме обвинија дека сум ја условувал поддршката од пратениците со некаква амнестија. Ниту сум условувал, ниту уценувал било кого. Сите пратеници како и Владата имаат должност да ја следат волјата на граѓаните изразена на референдум“, додаде Мицкоски.

Вчера од власта преку некои медиуми излезе информација дека имаат шест пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои ќе гласаат за уставните измени. Според информации на А1он, засега се тројца. Двајца кои се согласиле се пратеници кои се обвинети за настаните од 27 април, а третиот пратеник исто обвинет , одбил да гласа. Неофицијално, на листата гласачи е и Владанка Авировиќ чиј син е обвинет од СЈО.

Екс лидерот на партијата, Никола Груевски во 3 часот по полноќ повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да не попуштаат и дека не смее да паднат под заканите и притисокот.

amnestijagruevskimickoski

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

Шест компании останаа без лиценца за одгледување канабис, Мицкоски најави нови акции

Горан Наумовски26/02/2026 - 13:51

Премиерот го обвини Филипче за политичка слабост

Горан Наумовски26/02/2026 - 12:0226/02/2026 - 12:09

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски24/02/2026 - 12:1224/02/2026 - 14:32

Мицкоски: Создаваме средина каде идеите стануваат иновации

Горан Наумовски23/02/2026 - 12:37

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски19/02/2026 - 12:0119/02/2026 - 13:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен