Во последно време се почесто може да се слушне дека златната ера на холивудските акциони ѕвезди поминува.
Во 80-тие и 90-тите години од минатиот век жареа и палеа Арнолд Шварценегер, Силвестер Сталоне и Брус Вилис, меѓу другите. Меѓутоа, иако филмските експерти истакнуваат дека се уште не дошло времето за повлекување, Брус Вилис има поинакво мислење.
Тој тврди дека новите акциони ѕвезди доаѓаат од Велика Британија, истакнувајќи го примерот на Џејсон Стејтам и Даниел Крејг.
– Стејтам е многу добар, а Даниел Крејг внесе многу иновативност во жанрот. Ме натера повторно да го гледам Џемс Бонд. Блескав е, рече Вилис, пренесува „The Sun“.
Холивудскиот актер додаде дека ќе помине некое време додека двајцата актери кои ги наведе да го достигнат нивото на Шварценегер, но уверен е дека нивното вистинско време допрва доаѓа.