(ВИДЕО) Николов: Kлиниките се затрупуваат во ѓубре и смет

Од:

Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција вели дека додека граѓаните и пациентите мака мачат да се снајдат во сообраќајниот хаос во клиниките и додека клиниките се затрупуваат во ѓубре и смет, Заев и Филипче одбраа нов економски директор на Клиниката за Гинекологија.

„Новиот економски директор на ГАК, во никој случај нема да придонесе ниту за подобри услови за работењето на здравствените работници, ниту пак ќе придонесе за подобар третман на пациентите. Новиот економски директор не е додадена вредност на здравствениот систем, туку за е додадена вредност за коруптивниот и криминалниот систем инсталиран од Заев.

Наместо да дискутираме за неговите медицински или економски достигнувања, мора да поставиме прашања од областа на криминологијата.

Господине Заев,

Господине Филипче,

Одговорете им на граѓаните и на пациентите од чии што придонеси се полни буџетот:

Зошто сеуште не ги укинавте економските директори на Клиниките, како што ветувавте во програмата по која што ја добивте власта?

По кои критериуми го избравте Валон Беља за економски директор на Клиниката за Гинекологија и акушерство?

Дали Владата и Министерството за Здравство го провери неговото полициско досие?

За какви се дела досега е пријавуван? Дали се точни информациите дека со оружје се заканувал на еден од градоначалниците?

Почитувани граѓани,

Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев, продолжува да го уништува здравството и здравствениот систем во Македонија. Ги заборавија и граѓаните и здравствените работници. Но затоа никако не се заборавени нестручните кадри и сомнителните ликови на кои им се даваат функции. Не се забораваат ниту набавките во четири очи, ниту местењето тендери.

Со последниот чекор, именување на економски директор, на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, владата покажува дека очигледно европска вредност за Заев е тоа што никаде го нема во Европа. Горе наведениот човек не е европска вредност.

Внимавајте, токму министерот за здравство, Венко Филипче ветуваше и  велеше дека економски директори на клиниките се непотребни и дека треба се заштеди за доброто на пациентите.

Почитувани,

Во здравството се гледа дека СДСМ нема ниту има капацитет, ниту пак има намера да воведе некакви европски стандарди. Се гледа дека референдумот беше само за бришење на идентитетот како спас на кариерата на Заев и амнестија за криминалците.

Лица вработени од здравството се закануваат со бркање од работа на како што велат бојкотирачите на референдумот и за тоа влакно не им фали. Ова никако не е европска вредност.

Филипче во кампањата за референдумот уценуваше и бараше гласови доколку родителите сакале квалитетни вакцини за нивните деца. Со тоа се  изрезили.

Во кампањата се ветуваа бесплатно здравство доколку Македонците се откажат од сопствениот идентитет. Факт е дека лажеа. Такви што се подготвени да ги продаваат државните и националните интереси имало секогаш и ќе има понатаму, но концептот за бесплатно здравство е утопија, го нема и во државите членки на ЕУ.

Неисполнувањето на ветувањата, лагите и манипулациите се единствената одлика на СДСМ и Заев.

Време е да си заминат. Само така граѓаните ќе можат да имаат подобро здравство, подобар здравствен систем, и само така Македонија ќе победи“, вели Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николоски од Гевгелија: Во исто време се градат 10 спортски игралишта, така ќе продолжиме да работиме веднаш по формирање на новата влада

А1он

Мицкоски: Тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд, затоа повикувам на будност и внимание

А1он

(ВИДЕО) Ковачки: Ветуваме реконструкција на пругата Кочани – Велес

А1он

Дафина Стојановска: Народот доаѓа по она што Али и Груби му го одзедоа

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплатил помош да гласаат за него

А1он

Мицкоски: По осми мај започнува трансформација на Македонија со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ