Прием по повод 23 години дипломатски односи меѓу САД и Македонија

Од:

Во Националната галерија Даут Пашин Амам вчера беше организиран прием по повод 23 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Соединетите Американски Држави и Република Македонија во организација на Македонско – американската алумни асоцијација (МААА).

Како што сооптија од МААА на настанот присуствувале преку 100 членови на организацијата и други гости. Присутните ги поздравија претседателот на МААА, Мишо Докмановиќ и амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли.

Според Докмановиќ САД и Македонија никогаш не биле поблиску, а нашето пријателство никогаш не било посилно. Осврнувајќи се на улогата на МААА во македонското општество, потенцираше дека организацијата има преку 160 членови кои даваат клучен придонес во науката, медицината, образованието, уметноста и деловната заедница на Македонија.

– Амбасадорот Бејли го потенцираше значењето на програмите за размена, улогата на поединците и личните искуства во развивањето на односите помеѓу државите. Во контекст на билатералните односи, тој нагласи дека ништо нема да го направи посреќен од моментот кога ќе го видиме македонското знаме во Брисел пред седиштето на НАТО, на местото кое Македонија полноправно го заслужува, се наведува во соопштението на МААА.

Македонско – американската алумни асоцијација претставува здружение на учесници на програми за академска размена, професионално усовршување и развој на кариера спонзорирани од Владата на САД, формирана во 2000 година.

Би можело да ве интересира

Пожар на тешко достапен терен кај Валандово, општината се сомнева дека е намерно подметнат

Полицијата приведе лице поради сторени кривични дела „разбојништво“ и „разбојничка кражба“, следува кривична пријава

Три лица лишени од слобода, вкупно четири пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДС е денешната прес-конференција на Венко Филипче

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ

Филипче: Нема нова технологија дома, а Мицкоски ќе правел технологија за гласање од надвор

Предраг Петровиќ