Канческа-Милеска со информација до Владата за обнова на „Трескавец“

Од:

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милеска денеска реба да достави информација до Владата на Република Македонија за состојбата со манастирот „Трескавец“ по големиот пожар што вчера го зафати комплексот во кој изгореа конаците.

Таа синоќа во Прилеп изјави дека ќе се изработи Акциски план за брза санација и реконструкција на опожарениот дел, како и проект за обнова на манастирот „Трескавец“, а преку надлежните институции веднаш ќе се пристапи кон брза санација и реконструкција на конаците.

Последиците од пожарот емотивно ги доживea владиката Климент кој рече дека и пожарот пред 23 години бил ист.

Владиката Климент вели дека првично пожарот почнал од гостинска соба и се ширел кон монашкиот конак, а во моментот на избувнувањето во манастирот биле искушеникот Калист и еден гостин.

Општина Прилеп за денеска закажа вонредни седници на Општинскиот и на Економскиот совет.

Ова е трет катастрофален пожар што го зафатил манастирот во минатото. Последниот се случи пред 23 години, односно на 9 јануари 1990 година кога целосно изгореа конаците.

„Трескавец“ е еден од најголемите манастирски комплекси во Македонија и светски познат споменик на културата.

Сместен е на десетина километри од Прилеп, на падините под Златоврв. Во рамките на манастирот се наоѓа и црквата Успение Богородичино. Манастирот има свои конаци и трпезарија. Издигнат високо над карпите во планината, со прекрасна глетка на околните планини Баба, Бабуна и Кајмакчалан, како и над Пелагонија.

Се верува дека е изграден во XII век, односно XIII век. Неговата разновидна архитектура укажува на разни обновувања и уривања. Во црквата се зачувани значајни византиски фрески.

Во манастирот често доаѓаат туристи и планинари. Најпосетуван е за празникот Богородица – 28 август. Тогаш во манастирот се собираат голем број Варошани и Прилепчани да го означат овој свет ден.

Би можело да ве интересира

Археолошките истражувања на Трескавец го потврдуваат милениумското светилиште и како урбана населба

ВИДЕО: Спасени се две туристки од Полска кои паднале во пресек од карпа над провлија кај „Трескавец“

Мариово и Трескавец меѓу петте финалисти за најдобра европска филмска локација

Жарко Настоски

Манастирот Трескавец се обновува според предвидената динамика

Ана Ололовска

Се бараат доброволци за гаснење на пожарот кај Трескавец

Наум Локоски

ЦУК: Повторно е активен пожарот во близина на Трескавец

Наум Локоски