Муквеги и Мурад наградата им ја посветија на жените жртви на сексуално насилство

Од:

Добитниците на Нобеловата награда за мир Дени Муквеги и Надја Мурад денеска изјавија дека признанието им го посветуваат на сите жени жртви на сексуално насилство.

– Насилството врз нивните тела не се случува само во нашата  земја, Демократска Република Конго, туку и во многу други држави, истакна Муквеге на прес-конференција во својата болница во градот Букаву.

Владата на ДР Конго му честиташе на Муквеги за наградата, но и го критикуваше бидејќи ја „политизирал“ работата со жртвите на сексуално насилство.

– Тој извршува тешка и благородна работа. Тој деноноќно лекува жртви на сексуално насилство, но Владата на ДР Конго никогаш не се согласувала со неговиот поглед на ситуацијата во земјата. Тој почна да ја политизира својата борба, истакна владиниот портпарол.

Во источниот дел на ДР Конго војуваат различни милитантни групи и жените се чести жртви. Муквеги е еден од малкуте лекари, кои изведуваат сложени хирушки операции врз жените жртви на групно сексуално насилство. Тој во 2012 година преживеа обид за атентат во својот дом во Букаву, откако се обратил пред Обединети нации, критикувајќи ги вооружените групи, политичките раководства во ДР Конго и во Руанда и меѓународната заедница дека ништо не преземале против групното силување.

Ќерките на Муквеги беа киднапирани, автомобилот му е запален, а беше пукано и врз неговиот телохранител. Поради тоа Муквеге кратко време живее во егзил во Европа.

Во меѓувреме и активистката за правата на Јазидите Мурад изјави дека е почестена од признанието. Таа е припадничка на Јазидите и беше залажничка на ИД, при што била постојано силувана и подложена на други злоупотреби.

– Ја споделувам оваа награда со сите Јазиди, со сите Ирачани, Курди и сите малцинства и со жртвите на сексуално насилство од целиот свет, истакна Мурад, која ја доби наградата за нејзините напори за ставање крај на сексуалното насилство како оружје за време на војна.

Таа наведе дека наградата значи многу за сите жени жртви на сексуално насилство.

– Јас како преживеана сум благодарна за таквата можност да го привлечам меѓународното внимание за тешката состојба на јазидите, кои преживеаја незамисливи злосторства откако во 2014 година почна геноцидот на Исламска држава. Голем број Јазиди ќе ја погледнат наградата и ќе ги замислат членовите на своите семејства, кои ги изгубиле, кои се водат како исчезнати или се уште се во заробеништво. Слично на многу малцински групи, Јазидите го понесоа товарот на историскиот прогон. Жени и девојчиња исклучително страдаат додека беа и понатаму се жртви на сексуално насилство. Јас лично мислам на мајка ми, која беше убиена од страна на ИД. Мислам на децата, со кои пораснав и што требаше да направам за да ги заштитам, наведе Мурад.

Таа апелира да се стави крај на прогонот на малцинствата, како и да не се дозволи сексуалното насилство врз жените.

– Мораме да останеме посветени на обнова на заедниците уништени од геноцидот. Треба да продолжиме со помошта за бегалците за тие да се вратат во своите домови или да им пружиме безбедно засолниште. Треба заедно одлучно да работиме против кампањите за геноцид, но и да се побара одговорност од сторителите. Преживеаните заслужуваат правда. И безбеден и сигурен пат до нивниот дом, посочи Мурад.

Би можело да ве интересира

Го претепа кучето со метална шипка по глава само затоа што извршило нужда пред капијата

Предраг Петровиќ

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Насилник со стап по глава безмилосно тепаше куче во Скопје, полицијата го приведе

Предраг Петровиќ

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Охриѓанец ја истепал поранешната 30 – годишна девојка

Горан Наумовски

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата