(ВИДЕО) Лефков: Референдумот покажа сериозен пад на рејтингот на СДСМ во Кочани

Од:

Миле Лефков, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, упати благодарност и почит за сите граѓани што на референдумот не излегле да гласаат или гласале „против“.

Според него, жителите на Кочани јасно покажале дека договорот од Преспа така како што е склучен, не им е по волја.

„Неуспешниот референдум, за жал, сега на СДСМ му служи само како една прескапа анкета платена со пари од граѓаните, која му покажа дека во Кочани му исчезнаа околу 3.000 гласа, односно 2.844 гласа. Она што се случува со гласовите на СДСМ во Кочани е слика и прилика и добар пример за да се види како завршуваат неодржливите политики градени на лаги“, оцени Лефков.

Тој додаде дека падот на рејтингот отсликан во изгубени речиси 3.000 гласа на СДСМ во овој, како што рече, кус период, е сведок за безидејното и катастрофално владеење манифестирано преку покачувањето на цените на горивата, покачувањето на животните трошоци, немањето откуп и катастрофално ниските цени на земјоделските производи.

„Со ваквото владеење и со ова темпо на губење на поддршката, дебаклот на овие политики е неминовен и, по сè изгледа, тоа е единствениот излез од безизлезната ситуација во која е втурната како Македонија така и нашето Кочани“, истакна Лефков и додаде дека неговата партија нема да дозволи татковината да се користи како изговор за неисполнети ветувања, непотизам и криминал.

Би можело да ве интересира

Филипче – Вајц: Местото на С. Македонија е во ЕУ, не да биде изолирана и заглавена

А1он

(ВИДЕО) Филипче со конкретно решение: Преку ребаланс се обезбедуваат и до 200 милиони евра за плати

СДСМ: Дали криминалецот Симе е поврзан со Гордана Димитриевска Кочоска и нејзиниот татко?

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Молкот на власта за скандалот со 5 тони дрога е потврда дека се штитат виновните

СДСМ: Нова слика на Мицкоски – старо друштво

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он